598
Почнува враќањето во земјава на повредените во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија. Првите двајца хоспитализирани во софиската болница „Пирогов“ ќе бидат отпуштени денеска, уште двајца утре, двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември.
Според информациите од болницата, сите се во добра и стабилна здравствена состојба.
Повредениот српски државјанин, како што информира вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе биде пренесен во Србија.
Повредените прво ќе бидат сместени во болница, се додека не бидат пуштени на домашно лекување.