Денеска во 11 часот ќе бидат преземени материјалите за автобуската несреќа

by Fokus

Заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник, Бисер Јорданов Михајлов и истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров денеска од јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески ќе ги преземат материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Бугарија.

Преземањето на материјалите, како што соопшти ЈО, ќе биде во 11 часот во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Поврзани новости