170
Почнува уписот на бруцоши на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Најмногу слободни места има на ФИНКИ, 1.020.
На Природно-математичкиот факултет 910, а на Филозофски 800 слободни места.
Процесот за уписи не е целосно дигитализиран и оваа академска година.
Бруцошите, освен електронски, документите треба и хартиено да ги достават на студентски прашања.
Од октомври студентите ќе можат електронски да си извадат потврда за редовност и уверение за положени испити.
Вториот рок за пријавување на кандидати на УКИМ е на 11-ти и 12-ти септември, а третиот на 24-ти истиот месец.