Денеска во Основниот суд Куманово почнува судскиот процес во кој на обвинителна клупа ќе седне дедо Љубе, кој со својата пушка уби еден од двајцата натрапници кои го нападнаа во неговиот дом. Обвинителството го гони за три кривични дела, убиство на миг, убиство во обид и неовластено држење на оружје.
Инцидентот се случи пред две години, кога во домот на Љубoмир Митев и неговата сопруга, во кратовското село Којково, според кажувањата на дедо Љубе, ги нападнале двајца разбојници кои ги измачувале и сакале да ги ограбат. Но, дедо Љубе успеал да се ослободи и застрела еден од натрапниците.
Дедо Љубе доби голема поддршка на социјалните мрежи преку кои се бара слобода за старецот. А, денес во 10 и 30 часот се организира собирање пред Основниот суд во Куманово, во знак на поддршка за дедо Љубе.