534
За денеска во Кривичниот суд е закажан стартот на судскиот процес за најголемиот грабеж во Македонија во кој осумина се обвинети, меѓу кои и Бобан Смилевски, главниот обвинет украл 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра од трезорот на НЛБ Тутунска банка.
Минатото рочиште на 21 септември беше одложено по барање на одбраната, а рочиштето пред него судот го одложи поради тоа што Истражниот затвор во Шутка немаше со што да ги донесе до суд тројцата обвинети кои се во притвор за овој предмет.