Почнува судењето на екс-претседателот на Кривичен суд, Панчевски

by Fokus

Во велешкиот суд денеска треба да почне судењето за поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски.

Тој ќе биде донесен од притвор од одделение во Шутка откако на минатото рочиште на 10 јули не се појави на судењето па судијата одреди притвор.

Пет дена полицијата не успеа да го пронајде Панчевски, па за него распиша потерница. По ова, тој самиот се пријави во истражниот затвор Скопје во Шутка.

Панчевски одговара за злоупотреби на АКМИС системот.

Се товари дека влијаел во распределбата на вкупно 49 предмети и со негова интервенција одредувал судии за предметите.

Обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот, пишува во дел од обвинението против Панчевски.

Првото судење за случајот беше закажано во октомври лани, но досега не беше почнато поради недоаѓање на Панчевски и неговиот адвокат.

Поврзани новости