652
После неколку неуспешни обиди денеска се очекува конечно да започне судење за „Диво Насеље, откако кривичниот и врховниот суд веројатно се договорија за користење на големата сала во врховниот суд.
До сега причина за одложувањето беше судската сала, каде требаше да дојдат и други обвинети. Обвинителството реши да ги спои во еден предмет, а се работи за група жители на населбата, кои се обвинети за помагање на обвинетите за тероризам.
Бидејќи се спојуваат два предмета, судскиот процес и покрај тоа што е стигнат до половина мора да почне од почеток..