Ревизија откри дека Град Скопје правел фасади без план и пресметки

by fokus 10:05
10:05

Овластениот ревизор констатира дека Програмата за реконструкција и доградба на објекти во централното градско подрачје на Скопје, не содржи пресметковна вредност на објектите и рокови за нивната реализација.

Ревизорот посочува дека во Програмата се само утврдени изворите на финансирање односно дека средствата ќе се обезбедат 50 проценти од Буџетот на Град Скопје и 50 проценти од средствата од капитални трансфери од Буџетот на Република Македонија.

- Advertising -

Не е утврдена ниту пресметковната вредност за изградба, доградба и реконструкција на објектите, односно не е планирано колку средства се потребни за финансирање на истата.

Инаку од централниот буџет за две години од 2012 до 2014 година на наменската сметка-култура (789) на Град Скопје се уплатени 7,3 милиони евра о, со намена за фасади и објекти во централното градско подрачје и за реконструкција и изградба на плоштади. Но од овие средства заклучно со 2014 година се потрошени само 318 илајди евра за наведените работи.

„Донесувањето на Програма без утврдување на финансиските средства потребни за реализација на истата и без утврдени рокови и динамика на реализација, создава можност за нетранспарентно трошење на средствата. Надлежните служби да превземат мерки и активности за утврдување на пресметковната вредност за реконструкција и доградба на објекти утврдени со Прогрмата за реконструкција и доградба на објекти во централното градско подрачје и да утврдат рокови и динамика на истите“, наведуваат ревизорите.

Во април годинава Градот Скопје испратил забелешки по Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор. По однос на забелешките, ревизорите наведуваат дека истите се разгледани и е оценето дека тие претставуваат известување за превземените мерки со цел надминување на состојбите што се соодветно обелоденети во Конечниот извештај. Градските власти исто така во зебелешките навеле дека ќе склучат договор со Министерството за култура за дефинирање на меѓусебните односи при реализацијата на оваа програма.

Поврзани новости