396
Денеска во охридскиот Основен суд почнува првото судско рочиште во врска со двојното што на 22 август лани се случи во угостителскиот објект „Император“ на улицата „15-ти Корпус“.
Според полициските информации, тогаш со огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот на ресторанот 56-годишпниот Васил Р.и 38-годишниот Ромео Ѓ.
Осомничениот за убиство 31-годишниот Б.П., жител на Охрид, кој воедно е првообвинет во процесот, побегна од местото на злосторството и беше недостапен за органите на прогонот речиси шест месеци. После распишана меѓународна потерница, тој беше приведен во Албанија, а подоцна екстрадиран во Македонија.