2
Автопатот Букојчани – Кичево ќе почне да се гради. Официјално почетокот на изградбата ќе биде означен денес.
Автопатот е дел од Коридорот 8 и треба да ги поврзе превојот Стража со Кичево. Ќе се гради во две фази при што првата фаза ќе ја опфати трасата од селото Црвевци до Кичево, а втората фаза од Долно Строгомиште до Црвевци.
Финансиите се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и грантови од Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Надзорот ќе го врши конзорциум предводен од Градежниот институт Македонија. Договорот за надзор беше потпишан на 30 септември со јавното претпријатие за државни патишта.