Почнаа да „пукаат“ „бомбите“ во „Титаник“

by Fokus

Во Кривичниот суд почнаа да се слушаат „бомбите“ за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во една од „бомбите“ се слуша како разговараат поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер за гласачите во Америка.

Претходно, Судечкиот совет го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство јавноста да биде исклучена кога ќе се слушаат седум од 1.063 „бомби“ поради приватни разговори.

Од друга страна, одбраната бараше „бомбите“ воопшто да не бидат пуштени и ги оспори како валиден  доказ.

Поврзани новости