Почна вакцинација на лица со ретки болести

by Fokus

Денеска започна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести, информираат од Министерството за здравство.

– Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијагнози на ретки болести. Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична фиброза, соопштуваат од Министерството.

Поврзани новости