Почна уривањето на оштетените згради во Петриња

by fokus

Во Петриња, хрватскиот град – најтешко погоден од земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала, почна уривањето на оштетените згради од потресот.

Најмалку 50 згради во центарот на Петриња мора да се урнат, бидејќи претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните.

Во меѓувреме, тлото не се смирува, регистрирани се нови вторични потреси, а властите прават проценка на материјалната штета.

Поврзани новости