Андријана Јаневска: Не стигнавме ниту да се збогуваме, затоа се простив на мој начин од мајка ми!

by fokus

Ние, ниту не се збогувавме. Мајка ми почина ненадејно, од мозочен удар, на 62 години. Беше тоа удар за целото семејство, а моето збогум за неа дојде дури сега, по повеќе од две години, и тоа во вид на песна, така како што јас најдобро можам да се искажам, за ,,Фокус” раскажува поп пејачката, виолинистка и професор на ФМУ,  Андријана Јаневска. На 26-ти декември таа ја промовираше новата песна ,,Летај’ на која е комплетен автор.

Вели дека ја пуштила во етер на роденденот на мајка и Нада, како подарок за неа, но и за сите кои изгубиле некој близок и ќе се пронајдат во неа.

-,,Летај” ја напишав во еден здив, додека лежев навечер пред да заспијам. Тоа се такви песни, непланирани, чиста емоција пренесена на хартија.

Буквално се беше осмислено и снимено во еден ден. И тоналитетот ми прозвуче во глава уште пред да ја запеам мелодијата.

Е-мол, му кажав на сопругот Гино, а потоа тој ги отсвири и останатите акорди. Ја отпеав од прва, и тоа беше тоа – раскажува Јаневска.

Песната е снимена во студиото ,,Гиновски” и за неа исто така е снимен и емотивен спот.

-Годината беше тешка за сите, но најмногу за оние кои останаа без своите блиски, вели Андријана, додавајќи дека најголема желба во новата година и е здравје за сите и животот конечно да започне да се враќа во нормала.

Вики Клинчарова

Поврзани новости