419
Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство. Премиерот веќе одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.
Се очекува, по завршувањето на денешната средба, Ковачевски и Мицкоски да дадат изјави за медиумите.