Почна расправата за законот за државјанство-поднесени 1.000 амандмани

by fokus

Со жестоки кавги почна расправата на Комисијата за европски прашања за предлог – законот за државјанство, кој го договори власта со албанската опозиција, кој Владата го поднесе со европско знаменце. Ситуацијата се вжешти кога Зекир Рамчиловиќ и даде копии од лица без државјанство на пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Марија Петрушевска .

Опозицијата се обиде преку процедурални забелешки да го одложи стартот на расправата по самиот закон со цел да не почнат да течат роковите од само два дена комисиска расправа. Најголемата забелешка е дека законот не е европски.

Законот пак, според првичните предлагачи од Алијанса и Алтернатива решава суштински проблем на граѓаните.

По низата процедурални забелешки претседавачот на Комисијата, Арбер Адеми сепак, го стави дневниот ред на гласање. На Законот за државјанство биле поднесени 1006 амандмани, од кои 6 на ВМРО-ДПМНЕ се одбиени како неуредни.

Дебатата во Комисијата за европски прашања трае три дена. Следната недела се очекува предлогот да се најде пред пратениците за усвојување. Со него е предвидено државјанство да може да се стекне со приложување на лични документи, извод на родени, работничка книшка, имотен лист, комунални сметки, здравствена книшка, даноци и друго.

Поврзани новости