Почна распитот на Горан Груевски

by Фокус

Откако вчера полицијата цел ден трагаше и не успеа да го обезбеди началникот на Петтата управа, Горан Груевски, денеска тој се појави во Судот за да даде исказ. Неговиот распит е во тек, а во Кривичнио суд се присутни и обвинители од Специјалното јавно обвинителство.

Горан Груевски е повикан на барање на Специјалното јавно обвинителство за да даде исказ пред судија на претходна постапка, а за него е побарано и одредување мерка притвор, поради  сомнение дека незаконски учествувал во уништување на два системи за прислушување.

Овој предмет во кој осомничена е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Специјалното обвинителство го презентираше денеска. Имено, Груевски и уште еден негов колега од УКБ заедно со Јанкулоска, се осомничени дека во 2015 година уништителе два системи за прислушување со цел да прикријат кој ги користел.

Поврзани новости