Францускиот претседател Емануел Макрон го отвори тридневниот настан по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија на 6 јуни 1944 година. На комеморацијата ќе присуствуваат западни државници, а целта е да се покаже единство против војната во Украина.
Шефот на француската држава денеска претседаваше со првата церемонија во Плимелек, во Бретања, во спомен на француските припадници на отпорот од Бретања и првите падобранци на Слободната Франција во рамките на британските специјални сили.
САС, ноќта меѓу 5-ти и 6-ти јуни ја започнале операцијата „Оверлорд“, чија цел била да се стави крај на Втората светска војна.
Бајден, кој утрово пристигна во Париз, ќе се приклучи на церемониите утре на Нормандија во северозападниот дел на земјата за 80-годишнината од Денот Д, каде што ќе бидат и британскиот крал Чарлс Трети, германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, и Зеленски.
Во попладневните часови, Макрон треба да оди во Сен Ло во Нормандија за да одржи говор за цивилните жртви на бомбардирањето на сојузниците. Тој град беше уништен 90 отсто ноќта меѓу 6 и 7 јуни.
Севкупно, имаше меѓу 50. 000 и 70. 000 цивилни жртви во бомбардирањата на сојузниците, од кои 10. 000 беа само во Нормандија.
На маргините на таа програма, тој треба да разговара со украинскиот претседател Зеленски за да види „како САД можат да продолжат да ја продлабочуваат својата поддршка“, се додава во соопштението на Белата куќа.
Бајден и Зеленски ќе се сретнат и на маргините на самитот на Г7 што ќе се одржи во Италија од 13 до 15 јуни.