Почна изборот за претседател на СПУКМ, нема кој да гласа

by Fokus

Утрово од 9 часот почна гласањето за претседател на Студентскиот парламент, на сите факултети при УКУМ. Со оглед на тоа што е лето, а сесиите се завршени, излезноста е минимална, а студенти на факултетите речиси и да нема.

Претставници од Студентскиот пленум се веќе на факултетите и велат дека од утринава студенти воопшто не доаѓаат да гласаат.

Тие планираат во 12 часот да го блокираат гласањето за да не се избере нов студентски лидер, бидејќи според нив изборите се нелегитимни и незаконски.

Фото: Плусинфо

 

Поврзани новости