930
Скопски „Бетон“ почна да го гради Панорамското тркало во водите на реката Вардар во центарот на Скопје, откако попладнево осамна таблата со основните информации за инвеститорот и за изведувачот на овој проект.
Градот Скопје одлучи Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) да биде инвеститор на Панорамското тркало за што ќе потроши повеќе од 15,5 милиони евра, од кои еден милион ќе ги донира Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).