1.1K
Во вчерашниот извештај за заразени и починати од Ковид-19, беше регистрирана рекордна бројка на пациенти кои ја изгубиле битката со вирусот, односно за 24 часа починале дури 46 пациенти.
Меѓу починатите е и 28-годишно момче од Скопје. Според информациите кои ги добивме од Министерството за здравство, момчето само еден ден се лекувало на Инфективната клиника, по што починало.
-28 годишниот пациент бил хоспитализиран на КИБФС на 7 декември во многу тешка состојба, а починал на 8 декември. Пациентот имал хорнично заболување, велат од Министерството за здравство за “Фокус”, но не посочуваат за кое заболување станува збор.
Од почетокот на пандемијата па се досега битката со Ковид-19 ја изгубија 2.023 граѓани.
В.В.