442
Триесет и деветгодишен затвореник од Битола, кој издржувал казна затвор во „Идризово“, ноќеска починал, откако му се слошило, поради што со Брза Помош бил однесен на скопските клиники. Набргу, откако бил примен на Клиниката за токсикологија починал.
Според првичните неофицијални информации затвореникот бил предозиран со лекови. Сепак точната причина за смртта ќе треба да ја утврди обдукцијата, која ќе се изврши по барање на јавен обвинител.
Затвореникот Д.Б. во затворот влегол на 3 септември 2014 година, а требало да одлежи затворска казна од три години и седум месеци. Како што дознаваме од од извори од затворот, тој на 4 јануари требало да си замине дома.