Починатата жена од корона вирус од Крушево била советничка во општината

by Fokus

Попладнево од компликации на корона вирус почина Агапи Чункоска, членка на Советот на Општина Крушево на свои 54 години.

Градоначалникот на градот, Томе Христоски преку социјалните мрежи испрати емотивна порака, велејќи дека нејзината загуба е огромна.

„Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево. Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на корона вирусот“, напиша Христоски на социјалните мрежи.

Поврзани новости