Починале 22-ца пациенти заразени со Ковид-19

by fokus

Во последните 24 часа починале 22 пациенти заразени со Ковид-19, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728.

Поврзани новости