Починала девојката која беше прегазена на булевар „Борис Трајковски“, а возачот избега

by fokus

Девојката која завчера беше прегазена на булевар „Борис Трајковски“ починала на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, потврдуваат од Министерството за здравство за „Фокус“. Девојката била веднаш оперирана, но вчера во пет часот наутро им подлегнала на повредите.

-На 30.8.2023, во околу 22.30 часот, во СВР Скопје било пријавено на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.

 

Поврзани новости