Починал затвореник од КПУ Затвор Идризово

by Fokus

Почина дваесет и седумгодишниот Р.В.,  осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

Како што соопшти МВР, вчера попладне во 17.50 часот било пријавено во СВР Скопје од Итна медицинска помош дека починал Р.В.(27).

- Advertisements -

Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба Р.В. со возило на затворот бил пренесуван кон болница, но по пат починал во возилото.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција

Поврзани новости