Починал откако со „застава“ излетал од патот и удрил во дрво

by Фокус

На регионалниот пат Плачковица-Штип, пред крстосницата за село Козјак, 65-годишниот Д.В.(65) од село Таринци вчера попладне, управувајќи товарно моторно возило „Застава 621“, изгубил контрола над возилото, по што излетал од патот и удрил во дрво, соопштија од полицијата.

Од екипа на Итна медицинска помош било констатирно дека тој починал на местото на настанот.

Увид е извршен од увидна екипа на СВР Штип и jавен обвинител.

Поврзани новости