Починал од удар од гром додека напасувал стока

by fokus

Жител на Дебар бил пронајден мртов над селото Локов, струшко, а според неофицијалните информации, тој починал од удар од гром додека напасувал стока.

„Утринава околу 4:30 часот во Полициската станица Струга,  С. Н. пријавил дека  на место викано „Славило“, над село Локов, струшко, пронаjден е починат У.Е. (35) од Дебар, кој напасувал стока и најверојатно починал од удар на гром. Увид ќе се врши во текот на денот“, пренесуваат од МВР.

Поврзани новости