Четиригодишно девојче удрено од автомобил и веднаш хоспитализирано на Клинички центар

by fokus

Четиригодино девојче се здобило со тешки телесни повреди, откако на ул. „Благоја Паровиќ“ било удрено од автомобил, а поради сериозноста на повредите било хоспитализирано на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

„На 20.08.2018 година околу 22.15 часот на ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно девојче од Скопје. Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната лекарска помош девојчето било задржано на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости