Починаа уште 26 лица заразени со корона вирусот

by Фокус
Во изминатото деноноќие, починаа 26 лица заразени со корона вирусот. Притоа, девет пациенти се од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89), двајца од Куманово (60 и 46), еден од Штип (61), тројца од Прилеп (72, 88 и 63), еден од Струга (69), двајца од Велес (61 и 72), двајца од Битола (52 и 75), еден од Охрид (84), еден од Гостивар (54), еден од Струмица (71), еден од Берово (79), еден од Делчево (66) и еден од Кичево (51). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Истовремено, Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-349, Куманово-29, Штип-12, Прилеп-57,  Тетово-27,  Струга-22, Велес-28, Битола-36, Охрид-40, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Берово-7, Валандово-2, Виница-3, Делчево-11, Свети Николе-10, Кичево-10, Ресен-6 и Неготино-11.
Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80.896, бројката на оздравени пациенти е 58.182, на починати е 2.401, а бројот на активни случаи изнесува 20.313 лица.

Поврзани новости