967
Во изминатото деноноќие, починаа 26 лица заразени со корона вирусот. Притоа, девет пациенти се од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89), двајца од Куманово (60 и 46), еден од Штип (61), тројца од Прилеп (72, 88 и 63), еден од Струга (69), двајца од Велес (61 и 72), двајца од Битола (52 и 75), еден од Охрид (84), еден од Гостивар (54), еден од Струмица (71), еден од Берово (79), еден од Делчево (66) и еден од Кичево (51). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Истовремено, Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-349, Куманово-29, Штип-12, Прилеп-57, Тетово-27, Струга-22, Велес-28, Битола-36, Охрид-40, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Берово-7, Валандово-2, Виница-3, Делчево-11, Свети Николе-10, Кичево-10, Ресен-6 и Неготино-11.
Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80.896, бројката на оздравени пациенти е 58.182, на починати е 2.401, а бројот на активни случаи изнесува 20.313 лица.