Починаа уште 18 лица заразени со ковид

by Фокус
Во изминатото деноноќие, починаа 18 лица заразени со ковид 19, од кои пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84), двајца од Куманово (66 и 80), еден пациент од Штип (54), еден од Тетово (73), двајца од Битола (82 и 73), еден од Охрид (84), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66), еден од Струмица (55) и еден пациент од Кратово (74). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти од:
-Скопје 394
-Куманово 25
-Штип 27
-Прилеп 22
-Тетово 49
-Велес 33
-Битола 14
-Охрид 2
-Кавадарци 12
-Гостивар 22
-Гевгелија 12
-Струмица 18
-Крива Паланка 6
-Радовиш 3
-Крушево 1
-Кочани 12
-Пробиштип 6
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 1
-Берово 6
-Виница 2
-Кратово 1
-Свети Николе 3
-Кичево 16
-Ресен 1
-Неготино 2
Досега во земјата се направени вкупно 289.534 тестирања, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 46.062. Бројката на оздравени пациенти е 26.981, на починати е 1.281, а бројот на активни случаи изнесува 17.800.

Поврзани новости