Полицијата во Битола приведе дилер и заплени екстази, амфетамин и марихуана

by Фокус 18:37
18:37

Четири килограми амфетамини, исто толку марихуана и околу 4.000 парчиња екстази пронашла денеска полицијата во Битола при претрес на домот на П.Н. (30), кој е приведен и против кого ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола, по добиена судска наредба, денеска извршиле претрес на домот на П.Н. (30) во Битола.

- Advertisements -

П.Н. е приведен, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Битола.

Поврзани новости