Починаа седум лица од корона вирус, 479 оздравени

by Fokus

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 479 оздравени пациенти од:
Скопје – 358, Охрид – 46, Струга – 13, Струмица – 11, Прилеп – 11, Кавадарци – 9, Куманово – 5, Велес – 5, Гостивар – 4, Битола – 3, Кичево – 2, Ресен – 2, Радовиш – 2, Пробиштип – 2, Крушево – 2, Штип – 1, Дебар – 1, Демир Капија – 1, Неготино – 1.

Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (89 и 79г), двајца од Охрид (80 и 89г) и по еден од Гостивар (62г), Струга (85г) и Пробиштип (70г). Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.

Поврзани новости