Починаа две лица од Неготино позитивни на корона вирус

by fokus

Две лица од Неготино ја изгубија битката со корона вирусот во изминатите 24 часа. Се работи за пациенти на возраст од 40 и 84 години.

До 13 часот денес пристигнати се позитивни резултати за уште 17 нови случаи во градот, информираат од ЦЈЗ Кавадарци.

Во Кавадарци пак, регистрирани се 28 случаи, во Демир Капија пет и во Росоман два, на возраст од девет до 86 години. Помеѓу нив има тројца здравствени работници од Кавадарци.

Од почетокот на пандемијата во Тиквешко се инфицираа 1.668 лица, и тоа 1.139 во Кавадарци и 529 во Неготино. Случаите од Демир Капија се водат под Општина Неготино, додека од Росоман се водат под Општина Кавадарци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости