Над 500 илјади инфицирани од корона вирусот во Холандија

by Fokus

Во Холандија во изминатите 24 часа регистрирани се 4.470 новозаболени лица од Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи над половина милион луѓе.

Бројот на новозарaзени денеска е помал од вчера регистрираните лица.

Холандија од почетокот на пандемијата потврди 503.123 заразени лица со новиот корона вирус, со што земјата е една од најпогодените од вториот бран на епидемијата во Европа.

Поврзани новости