Почина жената што ги спасуваше Евреите од нацистите во Холандија

by fokus

Диет Еман, жената која им помагала на Евреите за време на нацистичката окупацја во Холандија во Втората светска војна, почина на 99-годишна возраст.

Таа била дел од отпорот во далечната 1940 година, а напиша и книга за своите напори за да им помогне на стотици Евреи.

Еман во своите мемоари детално има опишано како давала лажна лични карти и засолништа на Евреите, а во 2015 година, Кралот Вилем-Александер ја нарече Еман една од холандските „национални херои“.

Поврзани новости