832
69-годишната Ц.И. од Скопје, која беше прегазена вчера на булеварот „Јане Сандански“ спроти ТЦ „Три Бисери“, подоцна им подлегна на повредите. Таа починала во 18.30 часот во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде била пренесена по сообраќајната несреќа.
Сообраќајката се случи околу 14.30 часот откако возило „Тојота ленд крузер “ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот И.В. од Скопје, удрило во Ц.И.(69) од Скопје.
На булеварот попладнето можеа да се видат обувки и полициски службеници кои вршеа увид.
Ц.И. била пренесена во болница со возило на Итна медицинска помош, по што и биле констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.