784
Поранешниот главен извршен директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски почина попладнево. Засега нема повеќе информации за причината.
Луковски беше осомничен во случајот на СЈО „Базни станици“ за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои, и државата.
Важеше за близок човек на Орце Камчев и на Сашо Мијалков. Луковски бил меѓу неколкуте сопственци на мистериозната фирма „Ексико“.