565
34-годишниот М.Д. од Тетово, кој издржувал затворска казна во Казнено поправната установа Идризово, вчера околу 15 часот бил пронајден во бесознание во својата ќелија.
Од МВР соопштуваат дека случајот бил пријавен Секторот за внатрешни работи Скопје. М.Д. со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Телото на починатиот, велат од полицијата, било дадено во судска медицина за обдукција.