Не се прави Силвана Бонева, и порачаа граѓани на Цветанка Ласкова

by fokus

Откако вчера попладне по сите реакции и притисоци од јавноста, Цветанка Ласкова се огласи на социјалните мрежи по повод скандалот со грантот од 330.000 евра кој од Фондот за иновации го добила фирмата Декодикс, помеѓу чии сопственици е и сопругата на нејзиниот син, Христина Керкез, незадоволството кај граѓаните само уште повеќе се зголеми.

Имено, Ласкова во своето обраќање до јавноста тврди дека немала пристап во доделувањето на грантови, и дека дури не знаела за повикот за грантови на кој учествувала нејзината снаа, инаку сопруга на музичарот Горан Кан.

Нејзината објава наиде на голем број на критики, а во коментари на нејзиниот Фејсбук профил, граѓани и порачаа дека го разочарала членството на СДСМ, и како треба да се тргне од партијата.

„Госпоѓо Цветанка, немој уште повеќе да го разочаруваш членството, ќе дојдат и други избори. Не продавај филмови како Силвана Бонева дека не си знаела, Мислиш ли дека ние граѓаните пиеме нафта“, и ред други критики од револтирани граѓани пристигаат под нејзината објава во која таа се оградува од поврзаноста со грантот.

Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, вчера им порача на компаниите во рок од 15 дена да достават изјава доколку во нивната сопственичка структура има јавни функционери или членови на семејството на лица кои се дел од власта. Според објавите во одредени медиуми, фирмата на снаата на Ласкова била стара само 43 дена кога ги добила државните пари.

Поврзани новости