642
Лекарите од струшката болница известија дека пред 20 минути од тешките повреди починал Аргетим Асани, заменик директор на УЈП, но и член на ДУИ. Тој околу 13.20 часот беше тешко ранет на улицата Маркс и Енгелс во Струга.
Полицијата извести дека кон него било пукано од возило „голф“ црна боја. Штом испукале неколку куршуми, напаѓачите избегале, а по нив е започната голема потрага.