801
Денеска почина познатиот македонски виолинист и музички виртуоз Зоран Џорлев. Освен виолинист, Џорлев беше вокален изведувач и професор. Наводно Џорлев се лекувал од корона вирусот, но ја загубил битката.
Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми.
Работел како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.