Почина српскиот пејач Синан Сакиќ

by fokus

Познатиот српски турбо-фолк пејач Синан Сакиќ почина утрово во Белград, по битката со тешка болест на црниот дроб.

Тој лани имаше операција за вградување стентови во жолчните канали, но редовните прегледи востановија дека тоа не е трајно решение и мораше да се изврши трансплантација на црн дроб. Пред неколку дена  беше префрлен во Падова, Италија, заради трансплантацијата, но за жал, битката со опаката болест е изгубена.

Синан Сакиќ е роден на 13 октомври 1956 година. Пејачката кариера ја почна 1978. со песнните „Растанак крај реке” и „Срели смо се много касно”. До 2017 година тој издаде 29 музички албуми.

Поврзани новости