Почина српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ

by Fokus

Српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ почина денеска на 46-годишна возраст како последица на срцев удар кој го доживеа ноќта меѓу вторникот и среда.

Милојевиќ беше помошник тренер на НБА екипата Голден Стејт, а претрпе срцев удар за време на тимска вечера во ресторан во Солт Лејк Сити.

Српскиот стратег итно беше пренесен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.

Роден на 15 април 1977 година во Белград, најголем дел од својата кошаркарска кариера Милојевиќ ја мина во Партизан, а со репрезентацијата на поранешна СР Југославија ја освои европската титула во 2001 година.

Поврзани новости