Познатата југословенска модна дизајнерка Мирјана Мариќ почина денеска во Белград на 84-годишна возраст.
Родена е на 22.05.1938 година во Кравље во близина на Ниш, а од 1948 година живееше со своето семејство во Белград.
Дипломирала во 1960 година на Академијата за применета уметност, отсек за текстил, а потоа и магистрирала текстил и современ костум на Уметничкото училиште во Манчестер.
-Историјата на модата и модните дизајнери на Југославија започна со потписот на Мирјана Мариќ, а нејзините креации со воодушевување ги носеа првата дама на Југославија Јованка Броз, „амазонките“ на Гадафи, данската принцеза, белгиските принцези, претставници на дипломатскиот кор, сопруги на многубројни државници кои во седумдесеттите и осумдесеттите години доаѓаа во Белград, велат нејзините пријатели.