Почина шведскиот милионер Мелкер Шорлинг – еден од најбогатите луѓе во Европа

by Fokus

Еден од најбогатите луѓе во Европа, Мелкер Шорлинг, почина во Шведска.

На неодамна објавената листа на најбогати луѓе во оваа земја, Шорлинг со богатство проценето на 10 милијарди евра се најде на второто место, веднаш зад Стефан Першон, поранешниот сопственик на глобалниот синџир бутици „H&M“.

Милијардерот Шорлинг пораснал на село, неговиот татко имал фарма во близина на градот Оребро. Поради тешкото и напорно воспитување, решил да стане самостоен и финансиски стабилен уште на млада возраст.

Дипломирал на Факултетот за бизнис, економија и правен факултет на Универзитетот во Гетеборг.

Овој милијардер стоеше зад успешните компании како Hexagon, Hekpol и Securitas, на чие чело дојде во 1987 година во време кога оваа компанија специјализирана за безбедност го минуваше својот најлош период. Десет години подоцна компанијата беше на врвот на светот во таа индустрија.

Милијардерот Шорлинг се повлече од функцијата извршен директор во 2017 година поради здравствени проблеми, а го наследија неговите ќерки Софија и Марта, кои набрзо ја презедоа компанијата.

На листата на Форбс за најбогати луѓе објавена оваа година, Шорлинг се најде на 184 место.

Мелкер Шорлинг е роден на 15 мај 1947 година во Шведска, а почина на 10 декември 2023 година на 76-годишна возраст.

Поврзани новости