Почина работник во кочанска фабрика

by Fokus

Вчера околу пладне на работното место починал работник во фабрика во Кочани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 13:02 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 12:30 часот, при изведување на работни задачи во фабрика во Кочани, починал Г.К.(48) од Кочани. Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт без траги на насилство, се наведува во соопштението на МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

Поврзани новости