Триесет и петгодишниот професионален војник синоќа починал во Здравствениот дом во Неготино, откако претходно со свои колеги учествувал во гаснење пожар на армискиот полигон Криволак, кој избувнал по извршено планско гаѓање од страна на единица на АРМ.
„По завршување на интервенцијата, професионалниот војник најпрвин пријавил дека не се чувствува добро, по што видно му се слошило. Веднаш со армиско болничко возило и придружба на воен лекар бил упатен кон најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон реанимација, но по кратко време била констатирана смрт“ – се наведува во соопштението од Генералштабот на Армијата на Република Македонија.
Случајот и причините за овој несреќен случај во текот на вечерните часови се испитувале од истражен судија кој извршил увид.