ВМРО-ДПМНЕ со ново соопштение, во кое се повторуваат истите „скандали“ на Заеви и СДСМ

by Fokus

СДС повторно го врати криминалот и непотизмот како начин на владеење во Македонија и за само 4 месеци го покажа своето вистинско лице. Низа скандали поврзани со самиот врв на власта беа обележје на начинот на управување на СДС изминативе 4 месеци, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев на најбеозбразен начин, без тронка срам и обѕир посегна по најголемите фабрики кои за багателни цени ги превзема со помош на неговата фамилија. Текстилниот гигант „Герас Цунев“ беше купен за само 20.000 евра од неговиот прв братучед Трајче Заев, со тоа Заеви се стекнаа со сопственост на 22% од фирма која има над 7.000 м2 атрактивен индустриски и деловен простор. За тие пари сите останати граѓани на Република Македонија можат да си купат само гарсониера од 25м2 и ништо повеќе – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости